Реклама

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Македонија

Шасивари: Посилно партнерство со Австрија за модерно и ефикасно правосудство

Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Австрија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер, на која биле разгледани можностите за натамошно унапредување на односите и партнерството меѓу двете земји во областа на правосудството.

Соработката со Австрија, како што соопшти Министерството за правда, не треба да се гледа само како билатерална правна помош, туку како партнерство за модернизација на правосудниот систем, јакнење на институциите и забрзување на нашата европска интеграција.

-Во наредниот период се очекува започнување конкретни активности во повеќе договорени области од заеднички интерес, согласно Меморандумот за соработка што пред три години го потпишаа министерствата за правда на Македонија и Република Австрија. Активностите ќе опфатат зајакнување на владеењето на правото, реформи во граѓанското и кривичното право, борба против корупцијата и организираниот криминал, како и дигитализација на правосудството, се наведува во соопштението.

Реклама

Министерот Шасивари истакнал дека австриското искуство и експертиза можат да бидат особено корисни во реформата на судството, унапредувањето на ефикасноста на правдата и меѓународната правна помош, придонесувајќи кон создавање поефикасен, транспарентен и современ правосуден систем.