Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Лефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница, Филипче и Заев го менуваат Законот за градење за да можат да ги изградат модуларните болници

Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница. Ислам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница. Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата, истакна членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на прес-конференција.

Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори судскиот процес, без да има истрага.

Ова е тоа корумпирано и корозирано судство и обвинителство, кое работи под диригентските палки на СДСМ и ДУИ. 

Реклама

Зошто сметаме дека Филипче е директниот виновник во ово случај? Затоа што пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го промениле Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава Министерството за здравство, односно тогашниот министер, Венко Филипче.

Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од владата за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.

За овие работи, има евиденција во проектната единица во Министерството за здравство и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.

И по ова, Абази вели дека случајот треба да се затвори, затоа што не постои сомнение за злоупотреба на службена положба. 

Поради вакви корумпирани поединци како Абази, Филипче наместо да одговара, тој ќе се смее од партиската говорница и ќе ужива на јахтата на Заев.