Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,8%, којшто во поголем дел се должи на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.
На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на:
https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2026/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2026_juli_mk.pdf
