Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата.

Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, уплатницата и изјавата кандидатот треба да ги достави лично, најдоцна до денеска до 16 часот до училишната матурска комисија.

Приговорите што ќе пристигнат по наведениот рок или се доставени на друг начин нема да бидат разгледувани.

Реклама

Резултатите од разгледаните приговори ќе бидат истакнати на 26 август 2026, а увид во тестот, по поднесениот приговор, може да се закаже на 27 август 2026 од 9 до 14 часот. 

Августовскиот рок за екстерните испити од матурата беше реализиран на 12 и 14 август. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура беа пријавени 1.328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Поради значително помал број кандидати во август отколку во јуни, оваа испитна сесија беше организирана во четири града на осум локации.