Реклама

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Македонија

Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од изјава на портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски.

Аргатот на Заев, Филипче и Ахмети, Ислам Абази шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни болници во време на КОВИД кризата, од кои во една се запалија 14 наши сограѓани.

Од 10 септември 2021 година, од кога е оформен предметот, до ден денешен, 20 август 2026 година, точно 5 години подоцна, ОЈО ГОКК предводенo од Абази, вели дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки.

Реклама

Да потсетиме, за да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што живи горат 14 наши сограѓани, Филипче и Зоран Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување и одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче. Што значи, Филипче е директно одговорен за поставување на модуларните болници, и секако за се што се случило по тоа.

Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации ниту пак направил елаборат за електрична енергија. Со тоа, Филипче е директниот виновник за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година.

Исто така, да не заборавиме и дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица.

Овој предмет го воделе прво Вилма Русковска, за потоа да оди во фиоките на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска и таму да фаќа прашина по фиоки, за на крај да оди кај трета обвинителка, која вели дека не постои основано сомнение за сторен криминал.

Затоа и денес токму Филипче не даде коментар за одлуката на ОЈО ГОКК за затворање на предметот, која тој веќе однапред ја знаел, бидејќи бил известен.

На само некој месец, од заминувањето од функцијата шеф на ОЈО ГОКК, аргатот Ислам Абази си ја одработува својата задача, и ги заштитува своите шефови.

За крај, тоа што денес е затворена истрагата, не мора да значи дека утре нема да излезат нови докази и повторно  да се отвори истата постапка.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: