Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Ќура: Општина Струга ќе го подмири заостанатиот долг за превоз на учениците, постигнат договор со превозниците

Општина Струга ќе го подмири долгот од 55.000 евра за превоз на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струга ќе го подмири долгот од 55.000 евра за превоз на учениците во основни училишта наталожен со години во наредните два до три месеци, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Менди Ќура, по постигнатиот договор на средбата со превозниците.

На средбата, било договорено и зголемување на цената за превоз на учениците, која, според превозниците, била многу ниска и не била променета со години.

Градоначалникот посочи дека во Општина Струга пристигнало барање од превозници од неколку села, кои барале Општината да им го исплати повеќегодишниот долг за превоз на учениците. Долгот изнесува 3.432.000 денари, односно околу 55.000 евра, само за превозот на учениците во основните училишта. Според него, станува збор за долг на училиштата, кој се акумулирал со години и кој воопшто не е поврзан со осуммесечното негово управување со локалната власт.

Реклама

– Сакам да ви кажам дека барањето од нивна страна е дека треба да се исплати стариот,  долгогодишен долг од 60.000 евра. Плаќањата се реализираат етапно, од моето доаѓање како градоначалник од Општинскиот буџет веќе се исплатени околу еден ипол милион денари, рече Ќура.

Општината, нагласи градоначалникот, настојува да ги врати сите долгови, забележувајќи дека за тоа реагираат токму оние кои ги создале, односно претходната општинска власт.

– Овој долг е веќе направен од времето на претходниот градоначалник и претходната власт ДУИ и СДСМ и затоа ни дојде нас на тежина нивниот долг да го подмириме. Ги убедувам возачите, транспортерите дека овој долг ќе се подмири во рок од два до три месеци, истакна Ќура потенцирајќи дека насобрани се долгови и за превоз на ученици за средните училишта, за што зема обврска дека ќе бидат исплатени.