Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста.

– По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација. Во моментот се применува стратегијата stamping out-велат од АХВ и МЗШВ. 

Надлежните институциите посочуваат и дека секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни. Истото се однесува и за ветеринарните друштва кои ќе вршат незаконска вакцинација и нема да спроведуваат активности од јавен карактер. 

Реклама

-Замолуваме сточарите да ги пријавуваат сите случаи на сомнеж на болеста во Агенцијата за храна и ветеринарство и да соработуваат со официјалните ветеринари и ветеринарните друштва при спроведување на депопулација на животните – стои во соопштението. 

Агенцијата за храна и ветеринарство, воедно, ги демантира и наводите изнесени во вчерашното видео обраќање на Насер Џемаили, претседател на Созујот на одгледувачи на овци “Модерен овчар” во однос на некоординираноста во постапување со одземените овци во село Соколарци. Во соопштението се наведува дека местото на кое е снимено видеото е местото на кое согласно сите биосигурносни мерки за нештетно отстранување на овци и кози е извршено закопување на евраназираните животни. 

-Овците и козите се затрупани со поголем слој на земја, местото е соодветно дезинфицирано и означено дека тука постои опасност од заразна болест. Пронајдените овци и кози потекнуваат од сточари кај кои болеста е присутна и вршат незаконска вакцинација со неквалитетни вакцини илегално набавени од Турција – велат од АВХ и МЗШВ. 

Во соопштението се потенцира и дека отстранувањето на умрените животни е во надлежност на локалната самоуправа и таа треба соодветно да постапи. 

-Од одгледувалиштето до местото на закопување почитувани се сите биосигурносни мерки за спречување на ширење на болеста. Со постапките на поединци може само дополнително да се прошири болеста на места каде што не е потврдена -соопштуваат од АХВ.