Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Шасивари – Ле Риголер: Француската поддршка клучна за реформите и европската интеграција

Министерот за правда, Јетон Шасивари, остварил средба со францускиот амбасадор во земјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Јетон Шасивари, остварил средба со францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер, на која биле потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата.

Шасивари, како што соопшти Министерството за правда, ја истакнал целосната подготвеност на Министерството за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и обврските поврзани со Кластер 1 – Фундаментални вредности.

-Франција е наш значаен партнер во процесот на европска интеграција. Остануваме целосно посветени на реформите во областа на владеењето на правото и на исполнувањето на европските стандарди – порачал Шасивари.

Реклама

Од Министерството наведуваат дека особено била истакната француската поддршка преку експертскиот ангажман на Сесил Марони, која обезбедува стручна поддршка на Министерството за правда во процесот на европска интеграција.

На средбата било разговарано и за соработката во областа на климатската и еколошката правда, во рамките на регионалниот проект „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence).

Од Министерството додаваат дека континуираната експертска и институционална поддршка ќе придонесе кон создавање поефикасен и подостапен правосуден систем за граѓаните.