Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Сулејмани: „Охридско лето“ – уметност што ги обединува луѓето и културите

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, се наведува во соопштение на Министерството за култура и туризам. 

Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот.

-Со настапот на квартетот „Глам“ од Полска и пијанистот Стен Брекинриџ од Соединетите Американски Држави ја заокружуваме музичката програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Од првата вечер до денес, Охрид беше сцена на која се сретнаа различни култури, традиции и уметнички изрази, под отворено небо и на простори со вековна историја. Тоа е суштината на „Охридско лето“ – преку уметноста да ги поврзува луѓето и да отвора нови хоризонти, рече Сулејмани.

Реклама

Тој се осврна на почетокот на годинашното фестивалско издание, кое започна со гала-концертот „Љубов“, со настапите на Ермонела Јахо од Албанија и Чарлс Кастроново од САД, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет, под диригентство на Марко Боеми.

-Ова фестивалско издание остави зад себе голем број концерти, претстави и средби со врвни уметници. Рекордната посетеност е само потврда дека публиката ја препознава вредноста на фестивалот и дека културата има значајно место во нашето општество, истакна министерот.

Сулејмани нагласи дека Министерството за култура и туризам останува партнер и поддршка на фестивалот, кој повеќе од шест децении е еден од столбовите на македонскиот културен живот.

-Наша обврска е да ја чуваме оваа традиција, да го поддржуваме врвниот уметнички квалитет и да создадеме услови „Охридско лето“ да продолжи да расте, да се развива и да биде фестивал отворен за сите, за секоја генерација, за секој уметник и за секој љубител на уметноста, рече Сулејмани.

Со концертот е затворена музичката програма, додека завесата на 66. „Охридско лето“ ќе биде спуштена вечерва со македонскиот мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски.