Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Општина Неготино: Земјоделците добија средства за штети од минатогодишно мрзнење

Земјоделците од Неготино кои минатата година претрпеле штети од ниските температури добија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците од Неготино кои минатата година претрпеле штети од ниските температури добија финансиско обештетување, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.

Општина Неготино соопшти дека се работи за производителите на земјоделски производи кои имале и пријавиле штети настанати од ниските температури минатата година. Исплатени биле средствата како обештетување во висина од 1.420.929 денари за сите земјоделци.

– Средствата се исплатени врз основа на извршните проценки на стручната комисија формирана од Општина Неготино, што работеше на констатирање на состојбата на терен и вршеше проценка на вкупната настаната штета – појаснија од локалната самоуправа.

Реклама

Притоа, додадоа дека согласно позитивните законски прописи, Владата врши исплата на пет отсто од висината на штетите, па токму затоа на сметките на земјоделците биле префрлени 1.420.929 денари.