Градежништвото расте со стапка поголема од 30 отсто во делот на издадени одобренија за градење, но и вредноста на работите што ќе се реализираат во градежништвото е над 30 проценти во споредба со истиот период од минатата година – вели претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски,
Одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото пред почетокот на амбасадорскиот совет, премиерот Мицкоски оцени дека еден од двигателите на економскиот развој е токму градежништвото и очекува да имаат сериозно позитивно влијание врз растот на бруто-домашниот производ на државата.
– Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото и кога ќе ги видите последните параметри, ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење. Но, исто така, она што нас посебно нѐ охрабрува е и вредноста на работите што ќе се реализираат во градежништвото, која исто така е над 30 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Еден од двигателите на економскиот развој е градежништвото и очекувам да има сериозно позитивен импакт, сериозно позитивно влијание врз растот на бруто-домашниот производ на државата – истакна Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

