Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Соработка помеѓу Министерството за финансии и ДЗР за одговорно управување со јавните средства и нулта толеранција кон корупцијата

Изградба на систем кој е отпорен на влијанија и кој гарантира законско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на систем кој е отпорен на влијанија и кој гарантира законско и наменско трошење на средствата на сите даночни обврзници треба да овозможи идната соработка меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија преку заеднички активности дефинирани во меморандум, што денеска го потпишаа ресорната министерка Гордана Димитриска-Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски. 

Двете институции се обврзуваат на побрз трансфер на информации при сомнежи за измами и незаконски активности насочени против финансиските интереси на државата и на Европската Унија. 

– Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните – порача министерката  за финансии Гордана Димитриеска Кочоска по потпишувањето на меморандумот.

Реклама

Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, како што рече министерката, потврдуваат јасна политичка и професионална определба за силни институции, одговорно управување со јавните средства и нулта толеранција кон корупцијата.

– Ова партнерство не е само административен чекор, туку суштинска реформа, која дава основа за подобра координација, поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните средства – оцени Димитриеска-Кочоска.

Меморандумот е дел од активностите предвидени со акцискиот план за спроведување на Националната стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Македонија, со кој се унапредува координацијата меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија и директно придонесува кон зајакнување на контролните механизми и заштитата на финансиските интереси на Европската Унија во нашата земја.

– Иницијативата за меморандумoт за соработка меѓу двете институции е резултат на добрата пракса во земјите членки на Европската Унија и воспоставува рамка за соработка во повеќе области од заеднички интерес, овозможува размена на искуства, знаења и податоци, унапредување на професионалните капацитети и примена на европските стандарди, со една заедничка цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии – рече Димитриска-Кочоска. 

Таа укажа дека оваа соработка има директно значење и за успешноста на евроинтеграцискиот процес потенцирајќи дека размената на информации и координацијата во областа на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, се особено важни за унапредување на реформите и за подготовката и спроведувањето на препораките од Европската комисија.

– Нашата цел е да продолжиме со целосно усогласување и примена на меѓународните стандарди на врховните ревизорски институции – ISSAI и со постојано јакнење на системот на јавна финансиска контрола –  потенцира министерката за финансии. 

Ацевски укажа дека се операционализира размената на информации неопходни за успешните мониторинг и оценски мисии на Европската комисија.

– Нашата соработка ќе се фокусира на целосна имплементација на меѓународните стандарди на врховните ревизорски институции и донесените декларациите од Меѓународната организација на ВРИ (INTOSAI). Со тоа ние не само што го усогласуваме нашето национално законодавство туку градиме ревизорска пракса која е препознаена и почитувана на европско и меѓународно ниво. Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија заеднички ќе работат на унапредување на системот за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор (PIFC) преку преглед и дискусија на консолидираните годишни извештаи и следење на имплементацијата на владините заклучоци – наведе Ацевски.

Еден од столбовите на соработка, посочи тој, е директно поврзан со Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Македонија 2026-2030. Како корисници на фондовите од Европската Унија, презедовме сериозна обврска да воспоставиме ефикасен систем за превенција, откривање и третман на неправилностите и измамите. Државниот завод за ревизија, како активен член на АФКОС-мрежата, ќе ја засили соработката со Одделението за координација на борбата против измами (АФКОС-одделението) во Министерството за финансии. Овој меморандум ни овозможува побрз трансфер на информации при сомнежи за измами и незаконски активности насочени против финансиските интереси како на Македонија така и на Европската Унија. Нашата визија е јасна: држава без измами и корупција, каде што заштитата на јавниот интерес е врвен приоритет. Преку заеднички активности за процена на ризици, ние ќе ги идентификуваме ранливите точки во системите за управување со фондовите и ќе предлагаме конкретни мерки за нивно ублажување – рече Ацески. 

Според него, потпишувањето на овој меморандум претставува воспоставување бескомпромисен систем на институционална синергија, која преку конкретна примена на меѓународните ревизорски стандарди и операционализација на АФКОС-мрежата гарантира дека секој денар од даночните обврзници е заштитен од неправилности и измами.

– Уверен сум дека со заеднички напори, користејќи ја експертизата на двете институции, ќе успееме да изградиме систем кој е отпорен на влијанија и кој гарантира законско и наменско трошење на средствата на сите даночни обврзници – наведе директорот на ДЗР. 

Меморандумот отвора простор за  размена на знаења и искуства преку работни средби, работилници, конференции, семинари, обуки и други форми на професионално усовршување. Вработените од Државниот завод за ревизија ќе може да се вклучат како предавачи во обуките што ги организира Министерството за финансии преку секторот – Академија за јавни финансии, а експертите од Министерството за финансии ќе може да придонесат во програмите за континуирано професионално усовршување на вработените во Државниот завод за ревизија. 

Предвидена е и редовна размена на стручна литература, сметководствени и ревизорски стандарди, методолошки прирачници, годишни програми за ревизорски активности, како и конечни ревизорски извештаи и акциски планови подготвени од јавните субјекти. Двете институции ќе работат и на подигнување на јавната свест за превенција и препознавање на неправилностите и измамите.