Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Берово со нова пристапна улица, инвестиција од над еден милион денари

Општина Берово обезбеди 1.025.046 денари за изградба на пристапната улица „2“ со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Берово обезбеди 1.025.046 денари за изградба на пристапната улица „2“ со крак, во рамки на Имплементацијата на Декадата и Стратегијата на Ромите, преку Министерството за транспорт.

Улицата, со должина од околу 115 метри, ќе биде поплочена со бекатон плочки, со што, како што информира градоначалникот на Берово Петар Ружински, ќе се подобрат условите за движење и пристап до имотите на жителите.

Со реализацијата на проектот се очекува да се овозможи полесно и побезбедно движење, подобро одведување на површинските води и поголема заштита на имотите.

Реклама

Ружински посочува дека проектот има особено значење за жителите, бидејќи улицата претставува важна врска со постојната јавна инфраструктура, а истовремено е усогласен со Локалниот акциски план за Ромите на Општина Берово за периодот 2023–2026 година.

-Со вакви проекти создаваме еднакви услови и подобар квалитет на живот за сите наши граѓани, наведува Ружински.

Од Општина Берово најавуваат дека продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура, поврзаноста и условите за живот во сите населби.

„Улица по улица, населба по населба – продолжуваме да создаваме во Берово подобра инфраструктура, подобра поврзаност и еднакви услови за сите“, порача градоначалникот Ружински.