Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Меџити: 950 деца во Школата за пливање во Чаир, инвестираме во нивното здравје и развој

Вкупно 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето се пријавија во Бесплатната школа за пливање, која за првпат се организира во Чаир. Како што информира градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, големиот интерес ја потврдува потребата од организирани, квалитетни и достапни спортски активности за секое дете, без оглед на финансиските можности на семејството.

До 1 септември, децата ќе продолжат со бесплатните часови по пливање со професионални инструктори, наведуваат од Општина Чаир, а со почетокот на новата учебна година, пливањето ќе продолжи во рамките на часовите по физичко и здравствено образование во основните училишта во Чаир. Паралелно продолжуваат и инвестициите во спортската инфраструктура, вклучително и работите на базенот во училиштето „7 Март“.

-950 пријавени деца се најдобар доказ дека во Чаир постои исклучителен интерес за спортски активности. Сакаме секое дете да има можност да спортува, без оглед на финансиските можности на семејството. Преку ваквите активности инвестираме во здравјето, физичкиот развој, самодовербата и дисциплината на нашите деца, изјави Меџити, стои во соопштението.

Реклама

Школата за пливање е дел од платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, преку која Општината создава континуирани активности за поактивно и поздраво детство. Целта е инвестициите во спортот и содржините наменети за децата директно да придонесат за подобрување на нивното секојдневие и на секојдневието на семејствата во Чаир.