Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Започна реконструкцијата на кровот на детската градинка „7 Септември“ во Пехчево

Во Пехчево започна реализацијата на проектната активност за реконструкција на кровот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пехчево започна реализацијата на проектната активност за реконструкција на кровот на објектот на ОЈУДГ „7 Септември“, во рамки на проектот „Воведување на мерки за Енергетска ефикасност на јавни објекти и користење на ОИЕ – Подобрување на условите во образовниот процес во Источен плански регион“.

Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој и Општина Пехчево, преку Источниот плански регион, а со вчерашното воведување на фирмата изведувач во работа, официјално започнаа градежните активности.

На почетокот на работите присуствуваа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, и директорот на Центарот за развој на Источниот плански регион, Трајче Здравков.

Реклама

-Инвестициите во вакви проекти се директна инвестиција во нашите најмлади. Со реконструкцијата на кровот создаваме побезбедни и поквалитетни услови за децата и вработените во градинката“, истакна градоначалникот Китански.

Со реализацијата на проектот се очекува да се подобрат условите за престој на децата, како и условите за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во ОЈУДГ „7 Септември“.

Проектот претставува уште една инвестиција во подобрување на јавната инфраструктура и енергетската ефикасност, со цел создавање современи, безбедни и поквалитетни услови за најмладите жители на Пехчево.