Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Делчево со висока буџетска транспарентност, потврда за отворено и одговорно управување

Општина Делчево повторно е оценета со високо ниво на буџетска транспарентност, согласно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево повторно е оценета со високо ниво на буџетска транспарентност, согласно најновата анализа на Центарот за економски анализи (ЦЕА).

Од Општината посочуваат дека оценката претставува потврда за транспарентното работење и овозможувањето на граѓаните да имаат пристап до информации поврзани со општинскиот буџет, неговото планирање и реализација, како и начинот на користење на јавните средства.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, во објава на социјалните мрежи истакнува дека транспарентноста треба да биде составен дел од одговорното управување со Општината.

Реклама

-Транспарентноста не ја разбираме само како обврска, туку како одговорност кон секој граѓанин. Секој ден работиме јавните средства да бидат управувани одговорно, а граѓаните да имаат јасна и навремена информација каде и како се трошат нивните средства“, наведува Гоцевски.

Тој додава дека високата буџетска транспарентност е признание, но и обврска за продолжување на политиките на отвореност и отчетност.

Според Гоцевски, оценката на ЦЕА е уште една потврда дека отвореноста на локалната самоуправа кон граѓаните е важна основа за градење доверба, одговорно управување и нивно активно учество во креирањето на локалните политики.

Од Општина Делчево посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со обезбедување навремени и достапни информации за работата на локалната самоуправа и управувањето со јавните средства.