Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосница

Македонија ја користи својата стратешка географска положба за да стане важна енергетска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ја користи својата стратешка географска положба за да стане важна енергетска крстосница на Балканот. Како земја која се наоѓа во срцето на Балканот и на трасите на Коридорите 8 и 10, целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да ја поврзе Македонија со сите соседи и да ја интегрира во регионалните енергетски текови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со интерконективниот далновод Битола–Елбасан, заедно со постојните електроенергетски врски со Бугарија, Србија, Косово и Грција, се создаваат услови за поголема сигурност, стабилен пренос на електрична енергија и целосна регионална поврзаност.

Паралелно, се реализираат и значајни проекти во гасната инфраструктура. Гасниот интерконектор со Грција е во завршна фаза, инвестиција од околу 60 милиони евра, со почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно и можност за зголемување до 3 милијарди кубни метри.

Реклама

Овој двонасочен интерконектор отвора пристап до нови извори на природен гас, ја зголемува сигурноста на снабдувањето и создава поголема конкуренција на пазарот. Тоа значи стабилно снабдување за домаќинствата и индустријата и подобри услови за економски развој.

Следниот чекор е гасното поврзување со Србија. Со реализацијата на северниот интерконектор, Македонија ќе добие можност да стане транзитна земја за гасот што доаѓа од југ, вклучително и од терминалот во Александрополис, кон Централна Европа.

Ова е значајна геостратешка можност за Македонија и за целиот регион. Сигурната енергетска инфраструктура е предуслов и за нови инвестиции, особено во индустриите кои бараат големи количини стабилна и достапна енергија, како и за развојот на идните центри за податоци и технологиите поврзани со вештачката интелигенција.

Покрај овие проекти, Македонија ја унапредува и останатата енергетска инфраструктура преку ставање во функција на продуктоводот од Солунското пристаниште до ОКТА, рестартирањето на гасоводот Велес–Штип, развојот на делницата Гостивар–Кичево и продолжувањето на гасоводната мрежа од Тетово кон Косово.

Визијата е јасна, Македонија да престане да биде на крајот од енергетските мрежи и да стане нивен активен дел и значаен регионален центар.

Повеќе извори на енергија, поголема поврзаност, можности за транзит и сигурна инфраструктура значат подобри услови за инвестиции, поголема конкурентност и посилна економија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи Македонија да биде енергетски сигурна, инфраструктурно поврзана и препознаена како значајна енергетска крстосница во регионот.