Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки, со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо

Економските резултати се мерат со бројки, а бројките јасно покажуваат дека со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските резултати се мерат со бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку направиме компаративна анализа со периодот на владеење на СДСM и ДУИ, ќе видиме дека просечната плата во периодот од јули 2024 до мај 2026 година расте за 70 проценти повеќе на месечно ниво во споредба со периодот од јуни 2017 до мај 2024 година.

Во јуни 2017 кога СДСM дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.808 денари, која до нивното заминување во опозиција, мај 2024 година порасна на 41.252 денари. Тоа значи за седум години, односно 84 месеци влада на СДСM и ДУИ, просечната плата се зголемила за 18.444 денари или за околу 220 денари месечно.

Реклама

Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт просечната плата во јули месец 2024 година изнесуваше 40.961 денар, која за нецели две години, до мај 2026 година се зголеми на 49.544 денари.

За време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ за 23 месеци, просечната плата се зголемила за 8.583, што значи дека месечно растела за околу 373 денари или за 70% повеќе отколку во периодот кога СДСM биле влада.

Уште позначајна е разликата кај старосните пензии. Во периодот на оваа Влада, старосната пензија бележи 325 проценти побрз месечен раст во споредба со периодот на претходната влада на СДСM и ДУИ.

Компаративната анализа на параметрите го покажуваат следното. Просечната старосна пензија во јуни 2017 била 15.273 денари, додека во мај 2024 година изнесувала 22.937 денари. За седум години власт на СДСM просечната пензија се зголемила за 7.664 денари, односно месечно растела само за околу 91 денар.

Во јули 2024 година просечната старосна пензија била 22.858 денари, додека во мај 2026  изнесувала 29.663 денари, што претставува зголемување од 6.805 денари за период од 23 месеци. Ова значи дека месечно просечната старосна пензија во периодот на власт на ВМРО-ДПМНЕ расте по околу 296 денари, што е за 325% повеќе од периодот на власт на СДСM.

Ова се реални економски показатели кои покажуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за повисок стандард, повисоки плати и повисоки пензии. Разликата меѓу политиките на СДСM и ДУИ и политиките на оваа Влада е видлива и мерлива, а бројките се најдобар одговор на сите политички конструкции.

Граѓаните заслужуваат економски раст што се чувствува во секое семејство, а тоа е политика на ВМРО-ДПМНЕ и резултатите што го испорачуваме, работа, раст и повисок стандард за граѓаните.