Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Вреди: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар или Артан од куќен притвор?

Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника – наведува Вреди во денешното соопштение за медиуми. 

Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. 

Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички багаж. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија“ да се отвори и да каже кој што нарачувал, кој што потпишувал и кој на крајот го собирал кајмакот. А Бујар? Тој зборува за се и сешто, но за Артан нема ниту збор.

Реклама

Па добро, кој му го врзал јазикот на Бујар? Довчера заедно седеа на врвот на ДУИ и пред јавноста глумеа единство, а денес Бујар се прави дека Артан не постои. 

Што знае Бујар за Артан, а не сака јавно да го каже? Чека погоден момент да проговори или молчи за да не биде и самиот вовлечен во приказната?

Во ДУИ денес има муабет за се, а одговор за ништо. Од што повеќе се плаши Бујар, Артан да пропее или Али да не се повлече?