Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Мицкоски: Доколку ги споредиме месечните растови на оваа со владите на СДСМ, сега за 70 отсто расте просечната плата месечно повеќе, а пензиите за 325 отсто повеќе

Просечната плата е зголемена за 70 проценти, за два ипол пати е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната плата е зголемена за 70 проценти, за два ипол пати е помал јавен долг, за 120 милони евра е поголем бруто домашниот производ, а старосната пензија е за 325 проценти побрзо растечка на месечно ниво, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Ќе се обидам, посочи тој, да дадам пет параметри кои се многу важни кога зборувате за економијата и квалитетот на живот и морате да се споредите со претходната влада.

– Некои ми велат ама не треба да се споредува со нив. Не можеме ние да водиме политика на чувство. Ние мораме да правиме компаративна анализа како било претходно тие кои сме ги победиле, па да видиме дали сме подобри или полоши од нив. Ако сме подобри тоа треба да го кажеме, ако сме полоши треба да си признаеме и да се обидеме да бидеме подобри, рече Мицкоски во гостување на на една од националните телевизии. 

Реклама

Според него, пет параметри се битни: просечна плата, просечна старосна пензија, јавен долг, пораст на бруто домашен производ и последната стапка на инфлација.

– Просечната плата – ако анализирате 84 месеци влада на СДСМ и ДУИ, кога велам 84 месеци зборувам од јуни 2017 година, кој е прв месец на таа влада, заклучно со мај 2024 година, кој е последен месец на таа влада. Ако го анализирате порастот на просечната плата во тој период и го споредите со порастот на просечната плата од јули 2024 година, кој е наш прв месец како Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а во составен дел како коалициски партнери ЗНАМ и ВЛЕН и последниот податок, кој го има објавено Државниот завод за статистика, тоа е мај 2026 тоа се 23 месеци, ќе дојдете до заклучок дека за 70 проценти повеќе расте просечната плата во овој период на оваа влада споредено со периодот на претходната влада. И тоа се бројки. И овие бројки вие не можете да ги лажирате, истакна Мицкоски.

Потенцира дека старосната пензија во овој период на оваа Влада, за која ја правел лично анализата, е за 325 проценти побрзо растечка на месечно ниво, споредено со претходната влада на СДСМ и ДУИ.

– Триста дваесет и пет проценти старосната пензија. Значи плата, пензија. Дали е тоа доволно? Не е. Дали треба да биде подобро? Треба да биде. Но, дали е многу повеќе? Да, многу повеќе. ​Или пак ако ги споредите јавниот долг и бруто домашниот производ. И ако анализирате повторно два периода. Првиот период нека биде 1 јануари 2018, затоа што 2017 година е споделена година меѓу две влади и крајот на тој период нека биде 31 декември 2023 година зашто не 2024-та, бидејќи е повторно споделена година на две влади. И оваа влада, кога е ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, 1 јануари 2025 година и еве, нека биде крајот на 2026 година, рече Мицкоски.

Ќе дојдете до заклучок, појасни премиерот, дека јавниот долг е за два и пол пати помал, а бруто домашниот производ е за 120 милиони евра поголем во периодот кога е оваа влада споредено со претходната влада на СДСМ и ДУИ. ​

– И последно, инфлацијата од јули месец 2026 година – 2,3 проценти, споредено со јули месец 2022 кога е војната во Украина – 16 проценти. Седум и пол пати помала. Тогаш сме претпоследни или трети од позади во регионот ако анализираме 12 држави од Словенија до Турција, само мислам дека зад нас се БиХ, Романија и Турција. Сега сме втори. Србија е 1,9 проценти, ние сме 2,3 проценти, па потоа се Словенија итн. ​Ова се бројки. И ова е разликата меѓу економските параметри на оваа Влада за 23 месеци споредена со економските параметри на претходната влада за 84 месеци. Дали е тоа доволно? Не е. Но, ние мора да имаме предвид од каде почнавме. Дали е потребно повеќе? Да, и ќе работиме да биде уште повеќе. Но, веќе не сме на дното. Веќе никој не се потсмева со нас и со нашите параметри, туку напротив, гледаат со почит и тоа го истакнуваат сите релевантни меѓународни финансиски институции, додаде Мицкоски.