Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Со унгарски кредит: Лозово доби импозантен парк „Македонија“, ќе биде пуштен на 8 Септември

Општина Лозово изгради огромен парк „Македонија“ со околу 14 илјади метри квадратни,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Лозово изгради огромен парк „Македонија“ со околу 14 илјади метри квадратни, на чија површина го има осумкракото државно македонско знаме, а којшто ќе биде пуштен во употреба на 8 Септември.

Градоначалникот на Лозово информира дека деновиве се работи на доуредување на површините и на озеленување на паркот. Тој вели дека глетката ќе биде уште поубава ноќе ако Лозово се надлетува со авион, со што паркот „Македонија“ во Лозово според него ќе претставува една нова туристичка атракција за регионот и за земјава.

Паркот е финансиски изграден со средства од Општина Лозово и со поддршка од Владата преку унгарскиот кредит.

Реклама

Во паркот „Македонија“ се планирани две зони, од кои во првата зона се планира поставување детски реквизити за забава, а на втората – фитнес справи за вежбање, за што Општина Лозово ја очекува поддршката од Министерството за спорт.

Во паркот освен дрвја и друг виd зеленило има поставено партерно уредување со клупи, украсни жардињери и корпи за отпадоци, а има и патеки за посетителите направени од  бехатон плочки. Во дел од паркот поставени се системи „капка по капка“ за наводнување, со кои се наводнува новозасадената трева и останатото зеленило.

Општината планира понатаму во паркот да засади и нови дрвца како јапонски цреши и други. Градоначалникот исто така планира во паркот да се постават и безбедносни камери.

Во околината на овој парк „Македонија“ Општина Лозово неодамна изгради и повеќенаменско игралиште со тартан подлога како и други спортски терени.