Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Сиљановска Давкова- Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко, туку и европско безбедносно прашање

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата констатирале дека македонско-чешките односи се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј“ препознаваат вредно заедничко наследство со огромна обединувачка моќ.

Главна тема на разговорот бил долгиот пат на земјава како и на Западниот Балкан кон Брисел. Сиљановска-Давкова притоа укажала дека дводеценискиот кандидатски статус за членство во ЕУ, не произлегува од неусогласеноста со европското право и пракса, туку од блокадите на некои соседи од ирационален идентитетски карактер.

Реклама

Таа предупредила дека европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко и техничко, туку и европско безбедносно прашање.

Министерот Мацинка оценил дека местото на земјата е во Европската Унија. Според него, на Чешката Република и се потребни сојузници со слично минато, менталитет и култура.

Претседателката се заблагодарила за чешката принципиелна и континуирана поддршка изразена преку иницијативата „Пријатели на проширувањето“, како и преку ангажманот на Чешката Република во рамките на Вишеградската група и форматот Славков, се додава во соопштението.

Двајцата соговорници изразиле уверување дека плодната соработка во економијата, туризмот, науката и образованието ќе продолжи, ќе се прошири и ќе зајакне.