Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција, се наведува во соопштението од ВЛЕН.
Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност.
Орхан Муртезани располага со потребното искуство и знаење за достоинствено да ја претставува земјата и да придонесе за зајакнување на нејзината улога во Алијансата. ВЛЕН верува дека важните функции треба да им се доверуваат на подготвени луѓе. На Орхан Муртезани му посакуваме успешен мандат во НАТО.


