Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Средба Николоски – Баша: Македонија и Косово со фокус на унапредување на економската и транспортната поврзаност

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово.

Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.

На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на економската и трговската размена, регионалниот развој и реализацијата на заеднички инфраструктурни проекти.

Реклама

Двајцата министри се согласија дека билатералните односи меѓу Македонија и Косово се добри, се карактеризираат со конструктивна соработка и ја истакнаа важноста од нивно дополнително продлабочување преку конкретни проекти од заеднички интерес.

Фокус на состанокот беше проектот за изградба на патот Тетово-Призрен, кој претставува важен инфраструктурен проект за понатамошно поврзување на двете земји и унапредување на регионалната мобилност.

Овој проект е во тек, а работната група од двете земји работи во заемна соработка. За време на средбата се постигна согласност работната група да продолжи да работи кон финализирање на дизајнот на проектот, по што ќе следи склучување на меѓудржавни договори за негова имплементација.

Исто тaкa посебен акцент на средбата беше ставен и на економската и трговската соработка, како и на потребата од создавање подобри услови за поврзување на бизнисите и олеснување на движењето на стоки и услуги меѓу двете земји. Во таа насока, заменик претседателот на Владата, Николоски истакна дека Македонија ја започнува изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце, како важна транспортна врска меѓу Македонија и Косово, која ќе придонесе за побрз и побезбеден транспорт, поголема економска поврзаност и развој на прекуграничната соработка.

На средбата се отворија и прашањата за повторно воспоставување на железничкиот сообаќај и воспоставување на “one stop shop” oдносно заедничка гранична железничка станица согласно договорот меѓу двете земји.

Соговорниците се согласија дека реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти е од особено значење не само за двете земји, туку и за целиот регион, бидејќи подобрата транспортна поврзаност создава нови можности за економски раст, инвестиции, трговија и регионален развој.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивната соработка и за преземање конкретни чекори во насока на реализација на проектите од заеднички интерес за двете земји.