Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Вински музеј – Кавадарци го одбележа Преображение Христово со настан посветен на грозјето, лозарите и винарите

Вински музеј – Кавадарци денеска го одбележа Преображение Христово со настан посветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вински музеј – Кавадарци денеска го одбележа Преображение Христово со настан посветен на грозјето, лозарите и винарите. Активностите беа поддржани од локалната самоуправа, во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“.

– Овој празник носи силна порака за преобразбата, духовното издигнување, светлината и надежта. А, токму во духот на тие вредности, го создадовме и овој настан како место каде што верата, традицијата и културата се среќаваат и се надополнуваат – рече директорката Елизабета Ристова.

Кустос етнолог Ангела Симонова, потсети дека празникот Преобржение, што се празнува на 19 август, во традиционалната култура на Кавадарци и Тиквешијата е празник особено значаен за земјоделците и лозарите.

Реклама

Притоа сподели дека во народните верувања, Преображение се смета период кога природата се преобразува, летото постепено преминува кон есен, утрата стануваат посвежи, а плодовите созреваат. Во Тиквешкиот крај, каде лозарството има вековна традиција и претставува важен дел од локалниот начин на живот, празникот е особено поврзан со грозјето и почетокот на неговото зреење.

– Според традицијата, првото грозје се носело во црква за да биде осветено, по што може да се јаде од новиот род. Овој обичај ја изразува благодарноста кон Бога за плодовите на земјата, но и надежта за бериќетна и успешна година – додаде таа.

Симонова појасни дека од етнолошки аспект, Преображение претставува празник на преминот и промената.

– Промените што се забележуваат во природата се пресликуваат и во традиционалниот живот на човекот од летниот кон есенскиот период, од зреењето кон бербата и од очекувањето кон плодот на целогодишниот труд. Етнолошките истражувања укажуваат дека околу Преображение се развиле и различни обредни забрани и верувања поврзани со времето, родот и природата. Се верувало дека од овој ден се менува времето и дека природата влегува во нова фаза, па затоа се избегнувале одредени работи на лозјето или на нивата, со цел да се заштити родот од неповолни влијанија – истакна Симонова.

Таа нагласи дека во Кавадарци и Тиквешијата, празникот има посебна симболика токму поради големата поврзаност на човекот со лозата и земјата. Преку обичаите и верувањата поврзани со Преображение, се согледува традиционалниот однос кон природата, родот и трудот, што се пренесувал од генерација на генерација.

– Преображение Христово, не само што е црковен празник, туку и значаен дел од традиционалниот календар на Тиквешијата, што во христијанската вера, народните верувања и лозарската култура се испреплетуваат во една заедничка духовна и културна целина – нагласи таа.

На настанот беа читани поезија и проза, свештени лица го благословија родот, симболот на трудот на тиквешкиот човек и дарот што земјата го дава.