Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки

Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026/2027 година. Уписот трае до 21 август, а кандидатите имаат можност да изберат една од 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии.

За новата академска година на УГД се предвидени вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 се наменети за редовни студенти, додека останатите места се за вонредни студенти и студенти со кофинансирање.

Проректорот за настава на УГД, Сашо Коцевски, информира дека во изминатите денови до Универзитетот пристигнале околу 1.000 електронски пријави.

Реклама

​-Согласно конкурсот за академската 2026-2027 година, имаме вкупно 3.341 слободно место, од коишто 1.629 припаѓаат на квотата на редовни студенти, а останатите се резервирани за студентите коишто ќе студираат вонредно и за оние со кофинансирање.​ Она што би сакал да го порачам и да им го појаснам на нашите идни студенти, на кандидатите кои што аплицираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, е дека самиот процес на аплицирање се одвива во две фази. Имено, прво тие поднесуваат електронска апликација преку нашиот систем за електронски уписи, а потоа во вториот чекор ги носат своите документи во физичка форма и ги доставуваат на едно од уписните места на универзитетот коишто се лоцирани во Штип на Правниот факултет, имаме уписно место во Струмица, во Гевгелија, во Кавадарци и во Скопје-вели Коцевски.

​Тој истакна дека  стандардно, најмногу интерес има за запишување на Факултетот за медицински науки.

– Имаме голем интерес и за општествените науки, пред сè за Економскиот и за Правниот факултет, за Факултетот за туризам и бизнис логистика итн. Но интерес имаме и за техничките науки. Тука имаме најголем интерес за Факултетот за информатика, Факултетот за природни и технички науки, Земјоделскиот. Она што би сакал исто така да го напоменам е дека сите оние кандидати коишто нема да стигнат да аплицираат од било какви причини во првиот уписен рок, Универзитетот Гоце Делчев во Штип организира и втор и трет уписен рок. Вториот уписен рок ќе биде на 3 и 4 септември, а третиот уписен рок ќе се спроведе на 16 и 17 септември-изјави Коцевски.

​За ​ овој прв уписен рок, откако кандидатите ќе ги достават во физичка форма своите документи, а тоа треба да го направат до петок, 21 август, комисијата ќе направи нивна проверка и прегледување на нивните документи. На 26 август ќе се истакнат прелиминарните резултати. 

-Оние кандидати кои што сметаат дека треба да поднесат приговори, тоа може да го направат на 27 август, а на 31 август Универзитетот ќе ги објави конечните ранг-листи и ќе ги направи решенијата за прием. Самиот упис на кандидатите ќе се врши од 1 до 3 септември оваа година-подвлече Коцевски. 

Проректорот за настава на УГД-Штип, Коцевски на идните студенти им порача дека во Универзитетот „Гоце Делчев“ и наставниот кадар ќе најдат вистински партнери, кои што ќе им ги отворат лабораториите и ќе им овозможат да учествуваат во квалитетни истражувања, во меѓународни проекти, ќе им дадат врвна едукација и уште повеќе ќе имаат можност да остваруваат мобилности преку Еразмус+ програмата и да се вмрежуваат со студенти и професори од осум партнерски универзитети во рамките на Европската алијанса.