Реклама

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Македонија

Петкова: Далновод Битола-Елбасан, гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосница

Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата цел е Македонија да биде поврзана со сите свои соседи и да стане дел од регионалните енергетски текови. Со проектот за поврзување со Албанија, заедно со постојните врски со Бугарија, Србија, Косово и Грција, создаваме услови Македонија да биде целосно интегрирана во регионалниот електроенергетски систем.

Во тој контекст, интерконективниот далновод Битола – Елбасан е важен дел од затворањето на енергетската празнина што со години постоеше на Коридорот 8 и создава можност за посигурен пренос на електричната енергија и поголема поврзаност на земјите од регионот.

Реклама

Истата политика ја водиме и во областа на природниот гас. Започна и веќе е во завршна фаза изградбата на гасниот интерконектор со Грција, инвестиција вредна околу 60 милиони евра, со почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, кој може да се зголеми до 3 милијарди. Овој проект е особено значаен затоа што е двонасочен и отвора пристап до нови извори на природен гас, со што се зголемува сигурноста и се создава поголема конкуренција на пазарот.

Овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака, конечно стануваме значајна енергетска крстосница и дел од европската енергетска мрежа.

Следниот чекор е поврзувањето со Србија. Со реализацијата на северниот интерконектор, Македонија ќе добие можност да стане транзитна земја за гасот што доаѓа од југ, од терминалот во Александрополис и од други извозни пазари, кон Централна Европа.

Тоа е сериозна геостратешка можност за нашата држава, а на земјите од регионот ќе им обезбеди можност да го користат тој гас за производство на електрична енергија, што ќе ги движи идните центри за податоци, а вештачката интелигенција ќе ги користи тие центри за податоци. Македонија треба да биде меѓу земјите кои ќе ја препознаат оваа можност и навреме ќе создаде услови за такви инвестиции, да бидеме пионери и движечка сила во регионот.

Но, ова не го гледаме само низ призма на енергетиката. Поврзаноста е услов за инвестиции, а големите инвеститори денес бараат сигурно снабдување со енергија, современа инфраструктура и можност своето производство да го пласираат на повеќе пазари, затоа ја градиме инфраструктурата денес, за економијата што сакаме да ја имаме утре.

Други проекти кои ја позиционираат Македонија да биде раскрсница на Балканот се пуштањето на продуктоводот од солунското пристаниште со ОКТА, рестартирањето на гасоводот Велес-Штип, Гостивар-Кичево и отсечката која од Тетово ќе се насочи кон Косово.

Нашата визија е Македонија да престане да биде на крајот од енергетските мрежи и да стане дел од нивниот центар, да имаме повеќе извори на енергија, повеќе можности за транзит и повеќе услови за инвестиции.

Затоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работи Македонија да биде поврзана, енергетски сигурна и препознаена како важна енергетска и инфраструктурна крстосница во регионот.