Реклама

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Македонија

Светски ден на хуманитарноста: Државите, властите и оние што носат одлуки, да ги почитуваат принципите, женевските конвенции и амблемот на Црвениот крст

Последните две години 1.010 хуманитарни работници ги загубија своите животи во мисии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последните две години 1.010 хуманитарни работници ги загубија своите животи во мисии чија цел беше да спасат човечки живот, да ги спасат сите луѓе што страдаат. Меѓу нив имаше лекари, медицински сестри, логистика,… Апелираме, државите, властите и оние што носат одлуки, да ги почитуваат принципите, женевските конвенции и амблемот на Црвениот крст и на Обединетите Нации за да го работиме тоа за што сме се определиле и да ги намалиме страдањата во светот, порача денеска Црвениот крст на град Скопје по повод 19 Август – Светскиот ден на хуманитарноста.

Како што беше истакнато на настанот „Ја зајакнуваме глобалната солидарност, ги поттикнуваме локалните заедници“ со кој се одбележа Светскиот ден, хуманитарните работници мора да бидат препознаени и заштитени.

null

– Денешниот ден, 19-ти август, е Светски ден на хуманитарните работници. Тоа сме сите ние што сме се определиле хуманитарната работа да ни биде професија, но тоа се и сите волонтери кои долго време своето професионално знаење го даваат на терен, промовирајќи ја хуманата димензија која сите ние во себе мора да ја имаме, зашто само така ќе бидеме општествено одговорни и ќе можеме да зборуваме за општество кое се грижи пред сè за себе, за својата популација, за сите кои имаат потреба од подадена рака. Хуманоста треба да ја заштитуваме, но пред сè треба да ги заштитиме оние што ја реализираат хуманоста на терен, рече секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Реклама

Според неа, Црвениот крст треба да биде заштитен од државата, властите и од тие што носат одлуки на повисоки нивоа. 

-Исклучително е важно да ја подигнеме свеста за тоа што значи да се биде хуман и како може секој од нас да придонесе во оваа насока. Треба да им оддадеме почит на сите што ги даваат своите животи за она што значи спасување човечки живот и промоција на хуманоста, на оние што целиот свој капацитет, знаење и професионалност ги вложуваат во спасување човечки животи. Бројките во светски рамки се фрапантни, посебно во неколку држави: Јужен Судан, Конго, Украина, Газа,… Последните две години 1.010 хуманитарни работници ги загубија своите животи само за да спасат нечиј човечки живот, потенцира Тунева Пауновска.

На настанот присуствуваше претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, која напомена дека Црвениот крст во Македонија има целосна поддршка.

null

-Многу често луѓето ја гледаат политиката далеку од хуманоста и далеку од она што значи постојана грижа за граѓаните. Но, моето мислење и силно верувам во тоа, е дека хуманоста е тесно поврзана со политиката, односно политиката не може да постои без хуманоста, зашто ние секојдневно се трудиме да помогнеме некому, да направиме нешто добро – во рамки на проект, одлука или решение. Секогаш треба да зборуваме дека зад секоја политичка одлука постои човекот за кој таа одлука, мерка или проект треба да има вистинско влијание. Точно е дека функционираме како политичка организација каде што имаме политичка мисија за што поголемо учество на жените во политиката, на високи и раководни места, но уште поважно е да ја потенцираме нашата хумана мисија, зашто и низ историјата жените биле тие што навистина покажале поголемо ниво или степен на грижа во секој сегмент, истакна Митева.

Таа го потенцира значењето на координираноста меѓу организациите и институциите.

null

– Од оваа перспектива, како претседателка на Унијата на жени, но и како Унија на жени, морам да ви кажам дека покрај нашата политичка мисија, ние имаме и хумана мисија, зашто силно верувам дека и низ историјата жените биле тие што постојано се грижеле за домот, децата, повозрасните, заедницата,… Некако, тоа е природно, ни припаѓа, но како се менуваат работите во ова динамично време, така сè повеќе сфаќаме дека жените треба да бидат директно вклучени и во процесите на носење одлуки, за да можеме да придонесеме најдобро и со нашето професионално искуство. Како Унија на жени сериозно ќе размислуваме како максимално можеме да помогнеме и да се вклучиме во вашите активности. Стоиме на располагање зашто сметаме дека со секоја помош, поддршка и соработка можеме да направиме нешто подобро за секој еден и на крај, за нашата Македонија. Унијата на жени ќе го даде својот максимум во секој сегмент во кој цените дека можеме да придонесеме, да се вклучиме, да промовираме, да зборуваме, да едуцираме и да бидеме активни чинители во мисијата која, верувам, е заедничка. Сите сме граѓани на една држава која мора да покаже и во иднина дека е општествено одговорна и која ќе биде пример за она што значи грижа за индивидуата, за човекот, но и која ќе направи сè сите да се чувствуваме побезбедно, како и да ги мотивира помладите дека навистина може и мора да останат тука за да изградиме здраво општество, истакна Митева.