Еден месец СДСM бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар.
СДСM не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем.

Поради неспособноста на СДСM, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши.
Почитувани граѓани,
Додека СДСM беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода.
Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење.

