Реклама

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Македонија

Целосно реконструкцирана штипската улица „Борис Кидрич“

Завршува целосната реконструкција на штипската улица „Борис Кидрич“, која е една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршува целосната реконструкција на штипската улица „Борис Кидрич“, која е една од најфрекветните во централното градско подрачје, бидејќи ги поврзува поголемите населби со центарот на градот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека денеска се става првиот асфалтен слој, по замената на водоводната и канализациона мрежа, која беше стара околу половина век. 

-Оваа улица е рак-рана за општина Штип, затоа што во изминатите децении, имало чести дефекти на водоводната мрежа, чести прекини во водоснабдувањето, заради дефектите на водоводната мрежа, чести прекопи на истата улица и секогаш кога била третирана, била површински третирана со цел да биде во функција, да биде прометна. Но, никогаш претходно никој не одлучил темелно да навлезе во овој опфат и да биде целосно реконструирана улицата со промена на подземна инфраструктура и надземно третирање-изјави Јорданов.

​Тој истакна дека за целосната реконструкција на улицата „Борис Кидрич“ инвестирани се 12 милиони денари од буџетот на Општината. 

Реклама

-​Сакам да се извинам на граѓаните на општина Штип кои беа приморани во изминатите три недели да не ја користат оваа улица заради реконструкцијата, со којашто се опфаќаше истата улица. Да се заблагодарам за трпението. Но во исто време сакам да ја искористам оваа прилика да им порачам на опозицијата, која деновиве гледам дека ги обиколува сите проекти кои ги работиме на територија на Општина Штип и велат „цел град е раскопан“. ​Сакам да им порачам дека во наредните три години градот ќе биде реконструиран како никогаш досега. Затоа што тоа што не можеле тие заедно со многу пред нив 50 години да го направат, јас ветувам дека за три години целиот град ќе го реконструираме-подвлече Јорданов.

Штипскиот градоначалник на денешната прес-конференција истакна дека со парите од граѓаните во наредните години ќе се направат нови катни гаражи, паркови, улици и друга инстраструктура. 

 -​Тоа што пред 50 години не сме го гледале и овие улици кои денес ги реконструираме се со инсталации од пред 50 години, нема да биде случај и денес, но и во следните денови. Покажуваме и докажуваме дека на дело го сакаме Штип. Со сите проекти кои ги реализираме, така ќе продолжиме на дневна основа да се реконструираат улиците кои се дотраени, да се создава нова содржина која е потребна за граѓаните на општина Штип-вели Јорданов.