Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за трите манастири 

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастири – информира денеска во видеоизјава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.  

– Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери“ на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата, кои се поддршка на пожарникарите од Прилеп. Овој крак верувам дека ќе го изгаснеме – додаде Ангелов. 

​Посочи дека во реонот има три манастири, кои се обезбедени, и делумно се контролира огнот со правење пресеки. 

Реклама

– Не постои опасност за овие три манастири што се наоѓаат овде. Рано утрово дојде полициски хеликоптер, повторно наместивме базен за вода – монтажен базен од кој хеликоптерот ќе полни вода, но тешко е на ова место употребата на хеликоптер бидејќи на некои места со перките го распалува. Иако фрла вода, ефектот е обратен, затоа и веќе нема да го користиме овде хеликоптерот – вели Ангелов. 

​„Ер тракторите“ ќе почнат со дејство набргу откога хеликоптерот ќе се тргне. 

– Во секој случај, важно е дека немаме опасност за ниедно село. Сите пожарникари, сите лица што учествуваат во гаснењето, се живи и здрави. Во текот на вчерашниот ден работник со багер си ја има повредено ногата, дополнително чекаме информации каква повреда има – соопшти Ангелов. 

Тој информира дека во овој момент активен е и пожарот кај Студеничани, високо во планината. 

– Повеќе чади отколку што гори, исто така погoлема површина, и останува уште еден активен пожар – тоа е пожарот на територијата на Македонски Брод, кој е прилично… прилично совладан. Значи, ветерот што еве сега дува нè принудува да се повлекуваме. За неколку секунди сѐ се смени. Од една релативно мирна атмосфера, во овој наплив на оган – рече Ангелов. 

​Притоа упати еден голем апел до граѓаните, една голема молба.

 – Ве молам, внимавајте, доволна е искра за ваква катастрофа. Ова е најголем пожар ова лето на отворен простор. Гори претежно трева – ретки грмушки и ретка неквалитетна шума, но сепак е тоа вегетација. Се бориме да ја спасиме – рече Ангелов. 

Од ДЗС информираа дека МВР дејствува од горе со хеликоптер, пешадија од долу, огнени тимови на ДЗС, специјалци со „пинцгауери“, пожарникари од Пилеп, доброволци од ДПД од повеќе градови, мештани, сите придонесуваат во борбата против пожарот.