Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Во Охрид заминаа 115 средношколци од Скопје на бесплатниот наставно-научен и едукативен камп

Во Охрид денеска започнува бесплатниот наставно-научен и едукативен камп, наменет за ученици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Охрид денеска започнува бесплатниот наставно-научен и едукативен камп, наменет за ученици од средните училишта во Скопје.

Првата смена, како што информираат од Град Скопје, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на седумдневниот престој ќе имаат можност да стекнуваат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат интереси и да создаваат нови пријателства.

Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности што ги поттикнуваат љубопитноста, критичкото размислување, тимската работа и личниот развој.

Реклама

Програмата опфаќа научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација.

Посебен акцент ќе биде ставен на развојот на лидерските, комуникациските и презентациските вештини. Учениците ќе работат во тимови, ќе разменуваат идеи и ќе имаат можност своите замисли да ги претворат во конкретни проекти.

Покрај едукативните активности, учесниците ќе го запознаат и културното и историското наследство на Охрид, а преку дружењето со своите врсници ќе имаат можност да создадат нови пријателства и спомени.

Втората смена, исто така со 115 ученици, ќе престојува во Охрид од 25 до 31 август, со што вкупно 230 средношколци од Скопје ќе бидат опфатени со овогодишниот камп.

Преку ваквите активности се создаваат можности за квалитетно образование, развој на практични вештини и поттикнување на младите да ги препознаат и развиваат своите потенцијали.