Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

ВРЕДИ: Блиските на Артан тргнаа против ДУИ

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон фотелјата во Мала Речица.

Затоа воопшто не е случајно што Ахмети повторно ја пушти старата финта со повлекувањето. Демек, тој сака да си оди, ама луѓето околу него не го пуштаат.

Реклама

Интригантот Ахмети се обидува да го засили судирот меѓу Артан и Бујар, вешто посочувајќи го Османи како виновник за односот на ДУИ кон обвинението за „Државна лотарија“.

Едноставно, во ДУИ врие.

Артан преку своите лојални поддржувачи веќе испраќа јавни пораки. Очигледно му станува јасно дека „неговите“ го оставиле на цедило. Довчера му велеа „шеф“, „брат“ и „кинг“, а денес сите кренаа рачна и се прават дека не го познаваат.

Сега топката е кај Артан. Од тоа што тој, како „црната кутија“ на ДУИ, ќе го каже пред правосудните органи, може да зависи судбината на целото нереформирано раководство на партијата.

Затоа во Мала Речица не се спие мирно. Едни се плашат што знае Артан, други што може да каже, а трети веќе пресметуваат кого ќе повлече со себе. ДУИ одамна не функционира само како политбиро, туку како политичка банда чиј главен интерес се тендерите и спасувањето на сопствената кожа.

Правата на Албанците се само „совршено алиби“ за ова нереформирано раководство на ДУИ, чија единствена цел е да го заштити богатството стекнато со корупција и апашлак.