Реклама

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

Македонија

Самостојна изложба на Мице Јанкуловски во Музејот на современата уметност Лерин

Уметникот Мице Јанкуловски вечерва во Музејот на современа уметност во Лерин, Грција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уметникот Мице Јанкуловски вечерва во Музејот на современа уметност во Лерин, Грција, ќе ја претстави самостојната изложба „Пигменти и пиксели“, која ќе биде отворена до 19 септември годинава.

Изложбата опфаќа повеќе од 50 дела од повеќегодишното творештво на Јанкуловски, вклучувајќи слики, графики и видеоинсталации. Поставката ја истражува поврзаноста меѓу традиционалните уметнички медиуми и современата дигитална технологија.

Сликите и графиките на Јанкуловски, препознатливи по текстурата, слоевитоста и рачниот гест, се поставени во дијалог со видеоинсталациите, преку кои уметникот ги истражува движењето, светлината и времето.

Реклама

-Ова не е конфронтација помеѓу старото и новото. Тоа е разговор. Пигментот и пикселот се едноставно различни вокабулари за истиот јазик – јазикот на перцепцијата на уметникот- вели кураторката на изложбата Корнелија Конеска.

На отворањето ќе се обратат заменик-градоначалникот на Лерин за култура Николас Јоану, претседателот на Музејот за современа уметност во Лерин Андреас Цокас и професорот на Факултетот за општествени и хуманитарни науки во Лерин Николас Тамуцелис.

Изложбата ќе ја отвори Деспина Ипиоти, генерален конзул во Генералниот конзулат на Грција во Битола.

„Пигменти и пиксели“ го претставува долгогодишниот уметнички дијалог на Јанкуловски меѓу рачно изработеното и електронското. Преку поставката, пигментот и пикселот се појавуваат како различни средства за истражување на перцепцијата, меморијата и односот меѓу материјалноста и технологијата.

Мице Јанкуловски е современ визуелен уметник чијашто практика опфаќа сликарство, графика и видео уметност. Со кариера обележана со бројни самостојни и групни изложби низ целиот свет, неговите дела се чуваат во приватни и јавни колекции на меѓународно ниво. Неговата уметност истражува теми на меморија, перцепција и пресекот на материјалноста и технологијата.