Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Родители од селото Долни Балван против затворање на училиштето, градоначалникот Паунов со образложение за оптимизација на паралелките

Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение во подрачното училиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение во подрачното училиште во село Долни Балван, општина Карбинци се против затворањето на училиште и нивните деца од 1 септември наставата да ја следат во соседното село Таринци. Тие доцна попладнево присуствуваа на седница на Советот на општина Карбинци на која се усвојуваше Планот и програмата за работа на Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци, под кое се сите сите подрачни училишта во општината.

Родителот Николче Драгев вели дека дошле на седницата за да видат дали советниците ќе имаат слух за нивното барање.

– Станува збор за проблем за 13 дечиња кои сакаат да ги префрлат, кои се на мала возраст. Сакаат да ги префрлат од Долни Балван во Таринци, таму да учат, да патуваат и да се малтретираат по патиштата. Ние тоа не го сакаме, не сакаме тоа да се случи- вели Драгев.

Реклама

Викторија Манева родителка на ученик од село Долни Балван вели дека е загрижена за безбедноста на своето дете, но и за останатите ученици од ова село. Иако од Општината ветуваат дека ќе имаат превоз од селото до училиштето во село Таринци, тие не веруваат дека тоа ќе се реализира. 

– Решението го гледаме во свеста на советниците и на градоначалникот. Треба да се размисли што ќе се каже. Секој е родител. Нека секој се стави на наше место. Како ни е на нас? Многу е лесно да се изгласа, да се затвори. Има родители што се од нашето село, пример, шофери. Детето оставено на баба, на дедо, не дај Боже да се случи нешто, како ќе отиде таа жена да го земе тоа дете? А тука ни е блиску, во Балван-вели Манева.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, негира дека на денешната седница е ставена точка за затворање на училиштето во Долни Балван. Тој објаснува дека причините за оптимизацијата се поврзани со условите во објектот и со законските ограничувања за формирање комбинирани паралелки со тој број ученици.

– Не може училиште со број на деца надвор од законот да биде предмет на дискусија и да се пазариме дали треба да остане или не. ​Само за јавноста, еве го училиштето во Долни Балван, ќе покажам неколку фотографии, ова е состојбата. И замислете за 13 дечиња коишто истите родители и јавноста бара да учат во ова училиште коешто е ризик, Општината изработи проект за реконструкција со елаборат. Училиштето треба да биде делумно срушено и реконструирано, а тие можеби се изманипулирани од други лица или можеби политика е вмешана во целиот процес, тие да учат во ова училиште-вели Паунов.

Паунов нагласи дека Општината, Министерството за образование и наука и раководството на ООУ „Страшо Пинџур“ не смеат да дозволат децата да следат настава во несоодветни услови, особено што, како што посочи, во соседното населено место има ново училиште на помалку од два километри.

Тој истакна дека со оптимизацијата на училиштата се опфатени шест паралелки, од кои по една во селата Парналија, Калузлија и Оџалија и две паралелки се  во селото Долни Балван. 

-​Во селото Крупиште ќе продолжи да работи една паралелка на ученици од прво до петто одделение затоа што бројот изнесува 9, а законот вели комбинирана паралелка до максимум 10 ученици може да се формира. Затоа и во Долни Балван овој број не соодветствува со овој член од законот, а  далечината во соседното населено место е само два километри или помалку од два километри, така што апсолутно имаме чиста ситуација за овие дечиња да имаат можност да посетуваат настава во едни нормални, достоинствени услови во поголема група на нивни соученици-рече Паунов.