Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Лефков: Филипче и СДСМ останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДСМ нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на .Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДСМ произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати.

Филипче може да одмора со Заев во Паљури, на милионската јахта, но не може бесконечно да бега од одговорноста за политиката што ја води неговата партија.

Реклама

СДСМ треба да одговори, зошто ниту еден пакет вода не донираа за Гостивар и зошто не го повикаа градоначалникот Лимани на одговорност? До кога секој нивен политички неуспех ќе го покриваат со нова дезинформација и нов обид за паника?

Граѓаните веќе ја препознаваат оваа матрица. Македонија има потреба од одговорност и работа, а не од опозиција која сопствениот недостаток на идеи се обидува да го надомести со хаос и страв.