Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Клековски празнел базени, водата во Гостивар уште не чини и врвот е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клековски празнел базени, водата во Гостивар уште не чини и врвот е бомбата во двор, фрлена кај човек, кој патем бил пријател на кумот на премиерот – Соопштенијата на СДСМ веќе почнаа да наликуваат на шпански сапуници. Ниту грам конструктивност, никаква идеја, туку само да се плука и да фрла со дрва и камења по се и сешто. И тоа не е едно, туку пи-ар тимот на СДСМ дневно ги бомбардира медиумите и граѓаните си цела низа вакви соопштенија. Па така, само вчера, оваа партија лиферуваше дури 9 соопштенија, повеќето од нив празни. Само неаргументирани напади кон власта – ја оправаа водата во Гостивар, Клековски бил виновен за западнонилската треска, ја измешаа и црквата во Србија, па дури се занимаваа и со медиумите кај северниот сосед. Дел од аналитичарите политичката комуникација на СДСМ ја оценуваат како погубна за нив, којашто најмалку од се може да им донесе гласачи.

Се олеснуваат само, ова се  лични фрустрации.  Имаа шанса и огромна меѓународна поддршка, ја прокоцкаа. Тие не успеаја да изградат подолг политички модел за управување на државата. Тоа тешко им паѓа и сега освен да поплачат со безвредни соопштенија не им останува ниѓшто друго. Со вакво однесување нема да ги задржат ни тие гласачи што ги имаат, не па да придобијат нови, вели Цветин Чилиманов, колумнист и аналитичар.

Мотивите за ваквите безвредни соопштенија, Чилиманов ги лоцира директно во политиките што ги води СДСМ. Според него, тие се обидуваат да критикуваат и споровозни небитни теми, мислејќи дека како опозиција имаат право на тоа. Кога беа на власт имаше жестока реторика против нив, не само од тогашната опозиција, туку и од граѓаните поради нивните отстапки поврзани со национални прашања, коментира Чилиманов. Но, тоа не смее да биде причина сега да критикуваат дури и локални теми.

Реклама

Имаат експерти за пропаганда, ги советуваат вака да се однесуваат. Имаат комплекси, против нив беше користена силна реторика кога претераа со ДУИ и со проблемот со Грција. Жестока реторика против нив, имаше поради нивните национални отстапки и со Бугарија. Сега тие сметаат дека и тие треба да користат реторика за теми од локален интерес, за протести во Србија. За теми што граѓаните не ги засегаат, вака може да се однесуваат ако власта се однесува како нив, вели Цветин Чилиманов, колумнист и аналитичар.

СДСМ со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче досега не покажа реална политика, реформи, идеи, ниту пак програма. Единствено што прави е пропаганда која ја води со соопштенија и има ниско ниво на политичка комуникација. Главниот фокус им се случувањата во Србија и за тие настани, како и за се останато крива им е власта.