Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Македонија

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции

Има постојан дијалог од моментот кога е формирана оваа Влада до денес.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има постојан дијалог од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите што ние ги имаме – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање дали има дијалог за надминување на проблемот со Бугарија, кој ја блокира евроинтеграцијата на земјата.

Прашан дали има придвижување и сигнали од Софија дека може да се повлече од некои свои ставови, кои се нашите позиции и дали македонската страна е подготвена за одредени отстапки, Муцунски истакна дека „црвените линии на нашата држава се поврзани со нашите историја, идентитет, јазик и култура“.

– Тоа се нашите лини што ние ги претставуваме во рамките на сите разговори што ги водиме. Едноставено, не е праведно нашите преговори постојано да заглавуваат на тема поврзана со нашиот идентитет, јазик, историја и култура. Тоа се нашите позиции, кои повеќепати ги имаме претставено и пред домашната јавност и пред сите наши меѓународни фактори. Очекуваме систем на гаранции од европските институции. Очекуваме почитување на реципроцитетот кога се во прашање човековите права и очекуваме решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазикот, културата и историјата – рече Муцунски. 

Реклама

За тоа како се одвива дијалогот на ЕУ, тој истакна дека во последните неколку недели немало поконокретни разговори поради колективните годишни одмори и во земјите членки на Унијата и кај европските институции.

– Но верувам дека во периодот што следува има најави за повеќе посети, еве ни доаѓа министерот за надворешни работи на Чешка. Чешка е наш принципиелен поддржувач. Сигурен сум дека една од темите што ќе ги отвориме е и ова прашање, така што нормално е тој дијалог да биде постојан, да тече и ние тој дијалог го водиме низ призмата на позициите што ги имаме претставено – додаде Муцунски на прес-конференција во Владата.