Реклама

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Македонија

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани

Во овој момент активен е пожарот кој од Велес премина во Зелениково.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овој момент активен е пожарот кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари, кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територијата на општина Студеничани, село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниедно село – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, давајќи пладневен преглед за состојбата со пожарите во државата.

Карактеристичко за сите пожари, посочи тој, е тоа што никаде не гори квалитетна борова шума или друг тип шума.

– Во овој момент нема загрозени села. Депонијата во Кратово е целосно затрупана и не претставува опасност за загадување на воздухот. Во текот на вчерашниот ден имавме 29 пожари на отворен простор. Благодарение на брзата реакција, а понекогаш и повеќечасовната борба на пожарникарите со пожарите, 23 од нив беа изгаснати во текот на вечрашниот ден и во ноќните часови, а шест се активни ова утро – рече Ангелов.

Реклама

Тој потсети дека синоќа имаше вистинска драма во селото Чаниште, оддалечено 30 км од Прилеп.

– Огнот навлезе меѓу селските куќи, но според информациите што ги добив додека бев во селото не е изгорена ниедна куќа во која живеат другите жители во селото. Сите жители на селото ноќта ја поминаа во своите домови. Изгорени се неколку стари и напуштени куќи, можеби некои од нив се користеле за престој на нивните сопственици – рече Ангелов.

Посочи дека денеска овој пожар ќе го стават под целосна контрола.

– Втората ситуација ја имавме синоќа на пожарот на територијата на општина Јегуновце, кој навлезе во атарот на селото Туденце и го загрози блискиот манастир. Упатив неколку тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, и тоа од доброволци од Гостивар, од доброволното друштво „Чаир“ од Скопје и едно друштво од Тетово – истакна Ангелов и воедно апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни бидејќи е доволна само искра за вистина катастрофа.