Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Македонија

Со 1,5 милион денари во Виница извршена санација на оштетени делови од улици

Општина Виница информира дека доцна синоќа завршија активностите за рехабилитација на делови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Виница информира дека доцна синоќа завршија активностите за рехабилитација на делови од улици и санација на ударните дупки на повеќе локации во градот.

Надлежните од локалната самоуправа им се извинуваат на граѓаните што реализацијата на овие активности доцнела 2-3 недели. Според нив, причината е што, како што велат,  денес постапките се спроведуваат транспарентно и јавно, а изведувачите не се однапред избрани и не се знаат пред да биде распишан и завршен тендерот.

– Понекогаш може да се случи да биде избран изведувач што нема да ги почитува динамиката и роковите за изведба. Тоа е реалноста на транспарентните постапки – за разлика од времињата кога однапред се знаеше кој ќе го добие тендерот, а денес тие пишуваат очајни статуси – смета градоначалникот на општина Виница, Митко Костадиновски.

Реклама

Тој потенцира дека е најважно што работата е завршена и улиците се санирани.

Инвестицијата за овој проект изнесува 1,5 милион денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Виница.