Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Речиси целата држава во зона со висок ризик од пожари

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја) – соопшти Центарот за управување со кризи.

Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Македонија.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа и да не се користи оган на отворен простор.

Реклама

Доколку се забележи пожар, веднаш да се пријави на 112.