Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

Во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва единицата на артилерискиот баталјон на Армијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва единицата на артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија во пресрет на утрешното одбележување 34 години од формирањето на македонската Армија. 

– Нека одекне гордоста – кусо напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски на својот профил на Фејсбук каде се објавени снимките од почесната стрелба.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

Реклама

Со повеќе активности во Скопје, Штип и во Охрид, денеска и утре се одбележува 34 години од формирањето на Армијата. Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, ќе се одржи утре во Кампот за обука на вода во Охрид, со почеток во 11.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв. 

Триесет и четвртиот роденден на Армијата денеска беше одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на 2.пешадиски баталјон и други армиски единици. 

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Македонија.

Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.