Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Ангелов: Пожарот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени

Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга.

Освен пожарникарите од Прилеп и локалното население, на терен е и тимот за брза интервенција на ДЗС и припадниците на доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола. Дополнително ќе биде утврдено како ќе се гаси пожарот бидејќи се шири во три различни правци надвор од селото.

– Денеска околу 13:30 часот прилепските пожарникари добиле повик дека настанал пожар на отворен простор во близина на селото Чаниште, одалечено околу 35 километри од Прилеп, со доста лош пат полн со кривини поради што е потребно еден час да се стигне во селото. Пожарникарите веднаш тргнале кон селото, но во моментот кога навлегле во селото пожарот почнал да навлегува меѓу првите куќи. Пожарот навлегол во селото од различни правци што значи дека најверојатно е подметнат бидејќи линијата на огнот била доста долга – изјави Ангелов.

Реклама

Од оние информции со кои располага, рече дека од огнот има зафатено неколку стари и напуштени куќи и оти можно е да е зафатена и една куќа во којашто живеат возрасни луѓе. Добро е тоа што нема повредени жители и пожарникари. 

– По добивањето на информацијата итно го упатив тимот за брз одговор на ДЗС, дваесетина доброволци од Противпожарното друштво Архамгел во Битола. Веќе се наоѓаат во селото и помагаат за спречување на ширење на пожарот – рече Ангелов.  

Дополнително ќе биде утврдено како ќе се гаси пожарот бидејќи се шири во три различни правци надвор од селото. 

Ангелов уште еднаш апелира дека доволна е само искра да настане катастрофа и замолува граѓаните да го пријават секое сомнително однесување. – Деновиве сме затрупани со намерни палежи – потенцира Ангелов.