Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа

Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. 

Прилепските пожарникари пристигнале во селото во моментот кога пожарот веќе навлегувал меѓу селските куќи.

– Пожарот којшто денес околу 13.30 часот изби во близина на селото Чаниште, кое што е оддалечено околу еден час возење од Прилеп, многу брзо се прошири кон селото. Во моментот кога прилепските пожарникари стигнаа во селото, пожарот веќе навлегуваше помеѓу куќите. Се работи за старо, преубаво македонско село кое што некогаш било полно со живот. Верувам дека овде живееле стотици луѓе, но денес според оние информации коишто ги кажаа локалните жители, најверојатно живеат десетина возрасни жители. Огнот се движеше помеѓу овие стари куќи, најголем дел од нив напуштени, барем од она што можам да го видам одовде. За жал, според сегашните информации, огнот зафати најмалку една, а постои можност и неколку куќи коишто биле користени за живеење, можеби за повремен престој во нив. Дополнително ќе ја утврдиме точната бројка на зафатени куќи. Зафатен е еден објект, штала, релативно нова, којашто исто така е изгорена – изјави Ангелов.

Реклама

Според него, со пожртвуваноста на пожарникарите спречена е поголема катастрофа да не го зафати целото село, но, како што рече, линијата на пожарот потоа се разделила во два различни правци.

– Огнот благодарение на прилепските пожарникари е сопрен на место каде што е спречена поголема катастрофа, бидејќи истиот можеше да се пренесе на остатокот од селото. Но потоа, огнот излезе во два различни правци, дијаметрално спротивни, и во овој момент имаме два тешки крака на овој пожар, коишто според неколку локални жители навлегуваат во трева висока повеќе од еден метар. Висока до градите, најмалку. Сува трева, полна со трња и суви грмушки коишто се лесногорливи, така што нè чека многу тешка работа – истакна Ангелов.

На терен веднаш бил упатен и Тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, составен од дваесетина доброволци од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“.

– Кога дознав за пожарот, го ангажирав Тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола. Доброволците навистина тргнаа итно, набргу потоа стигнаа овде дваесетина доброволци како дел од Тимот за брз одговор на ДЗС од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола. Тоа е веќе нивна трета или четврта интервенција, навистина сум презадоволен од нивниот ангажман и резултат. Тие тргнаа на гаснење на едниот крак. Ако успееме да го изгаснеме едниот крак во текот на ноќта, бидејќи условите дозволуваат гаснење во ноќно време, релативно безбедно, тогаш ќе завршиме голема работа, бидејќи овој пожар има капацитет да прерасне во еден од најголемите пожари во оваа пожарна сезона, затоа што наоколу е претежно карпест терен, ритчиња, стрмни долови, многу трња, многу сува трева, многу вегетација – рече Ангелов.

Директорот на ДЗС информираше и дека медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна.

– Од огнот некои од жителите беа силно вознемирени, вдишаа и чад. Екипи на прва помош беа овде, конкретно се работи за две госпоѓи коишто сега се чувствуваат добро, се разбира преплашени, бидејќи глетката беше страотна кога огнот навлезе во селото. Овде сè уште може да се забележи еден пласт сено што догорува, а пред мене можам да видам една бандера којашто е исто така изгорена и се клати, виси на жиците. Се надевам дека нема да падне. Екипите на ЕВН се известени, бидејќи селото може да остане без струја – рече Ангелов.

Тој упати апел до сите граѓани за максимална будност и одговорно однесување. – Повторно апелирам до граѓаните да бидат многу внимателни, бидејќи доволна е само една искра за вистинска катастрофа – порача Ангелов.