Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

Седум нови лица се опфатени со истрагата на Основното јавно обвинителство за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум нови лица се опфатени со истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за организиран транспорт на марихуана од Македонија во Србија.

Истрагата се води од февруари годинава, а новите докази обезбедени преку истрагата и меѓународната соработка со српските надлежни органи укажале на поширок круг лица инволвирани во криминалната група.

Според Обвинителството, осомничените, заедно со лица против кои постапка се води во Србија и други лица, во текот на 2025 и до крајот на јануари 2026 година, се здружиле за неовластена продажба и пуштање во промет марихуана.

Реклама

Како параван за незаконските активности било користено правно лице од Скопје, кое имало одобрение за одгледување канабис за медицински цели и дозвола за производство на екстракти од канабис за медицински потреби.

Марихуаната била транспортирана од Македонија во Србија со товарни возила, при што во царинските декларации била прикажувана друга стока. Според досега обезбедените докази, истиот начин на транспорт бил применет при најмалку пет пратки.

При транспортот, од пломбираните товарни возила била отстранувана дел од царинетата стока, а на нејзино место биле стававани кутии со марихуана. Дрогата била прикривана како прехранбени производи, перници и јоргани.

По преминувањето на границата, марихуаната била складирана во месноста Коњух кај Крушевац, каде што била препакувана и подготвувана за натамошна продажба.

Српското Јавно обвинителство за организиран криминал на 21 јули годинава поднело обвинителен акт против шест членови на групата за меѓународен недозволен транспорт на марихуана.

Во меѓувреме, во постапката што се води во Македонија, на 10 август Основниот кривичен суд Скопје донел две пресуди врз основа на предлог-спогодби со двајца осомничени. Тие го признале кривичното дело, а судот им изрекол затворски казни од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци.

Истрагата продолжува, а од Обвинителството велат дека обезбедените докази укажуваат на поширока организирана криминална структура која делувала преку Македонија и Србија.