Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека еден од најочекуваните проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека еден од најочекуваните проекти за жителите на Бутел, веќе влегува во својата завршна фаза – темелно уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека.

-Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано! Новата пешачка патека во должина од 1.590 метри создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење. Современо ЛЕД осветлување, нови клупи, урбана опрема, зеленило и нови детски игралишта ќе го претворат овој дел од Бутел во место полно со живот – напиша скопскиот градоначалник.

Создаваме простор каде, како што нагласува Ѓорѓиевски, децата ќе растат и ќе играат, семејствата ќе поминуваат време заедно, а граѓаните ќе имаат уште едно убаво и уредено катче во своето Скопје.

Реклама

-Нашиот народ предолго слушаше ветувања. Време е да гледа дела. Чекор по чекор, проект по проект, го менуваме Бутел и го градиме Скопје какво што заслужуваат неговите граѓани. Не застануваме. Скопје го правиме заедно. По скопски! – посочува градоначалникот Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: