Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Велковски ги потпиша договорите за грант за развој на социјални услуги со девет општини

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант со девет општини во рамки на Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги.

Со грантовите, како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, ќе се воспостават и унапредат услуги наменети за старите лица, лицата со попреченост и други граѓани на кои им е потребна социјална поддршка. Во реализацијата ќе учествуваат и граѓански организации како партнери на општините.

Помош и нега во домот за стари и немоќни лица ќе се развива во Гази Баба, Петровец, Сарај и Валандово, додека дневни центри за стари лица ќе бидат воспоставени во Пласница, Боговиње и Јегуновце.

Реклама

Дневни центри за лица со попреченост, со индивидуализиран пристап и соодветна поддршка, ќе бидат развиени во Прилеп и Кривогаштани.

-Со потпишувањето на овие договори правиме конкретен чекор кон приближување на социјалните услуги до граѓаните. Нашата цел е поддршката да биде достапна таму каде што е најпотребна – во локалната заедница, во средината во која живеат корисниците. Истовремено, ја зајакнуваме улогата на општините и граѓанските организации како важни партнери во развојот и обезбедувањето на квалитетни социјални услуги- истакна министерот Велковски.

Потпишувањето на договорите претставува конкретен чекор во унапредувањето на системот на социјална заштита и продолжувањето на процесот на децентрализација на социјалните услуги, преку зајакнување на капацитетите и улогата на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

Од Минитертвото поочуваат дека особено значајно е што поддршката е насочена кон услуги кои се поблиску и подостапни до корисниците во нивните локални заедници, со што се создаваат услови за навремена, континуирана и соодветна поддршка за старите лица, лицата со попреченост и семејствата на кои им се потребни овие услуги.

Преку Вториот проект за подобрување на социјалните услуги, Министерството за социјална политика, демографија и млади продолжува да ги поддржува локалните заедници во развојот на социјални услуги кои одговараат на реалните потреби на граѓаните и придонесуваат кон поинклузивен, подостапен и одржлив систем на социјална заштита.