Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Македонистите од светот повторно во Охрид на 59. Летната школа на МСМЈЛК

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји ќе учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 20 август ќе се одржува во Конгресниот центар во Охрид.

Предвидено е на свеченото отворање на Школата пред учесниците да се обратат ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

Учесниците доаѓаат од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска.

Реклама

Програмата на Летната школа опфаќа лекторски вежби, предавања, интерактивна и амбиентална настава во стариот дел на Охрид, курс по македонски народни ора, преведувачка работилница, културно-уметничка програма, промоции и научна екскурзија.

На свеченото отворање ќе бидат доделени и наградите за македонистика. Добитник на најголемата награда „Воздејства“ годинава е проф. д-р Кристина Крамер од Канада, додека благодарници „Синергии“ ќе им бидат доделени на министерката Весна Јаневска и на Државна лотарија на СР Македонија.

Како и останатите изданија, по Летната школа ќе се одржи 53. Меѓународна научна конференција, на која ќе учествуваат 75 научни истражувачи од земјава и странство. Вкупно 135 македонисти – студенти, предавачи и научни истражувачи – ќе бидат дел од програмите посветени на македонскиот јазик, литература и култура.

Во рамки на програмата ќе бидат промовирани и шест нови зборници, меѓу кои зборниците од минатогодишната Летна школа и Меѓународната научна конференција, три зборници од преведувачката работилница посветени на Гане Тодоровски, Петре Андреевски и Анте Поповски, како и „Излишно писмо до Бога / Zbyteczny list do Boga“ со препеви на полски јазик од проф. д-р Маќеј Кавка.

Од УКИМ информираат дека во изминатите три години е зголемен бројот на лекторатите по македонски јазик во странство. Отворени се лекторати во Тирана и Нитра, а е возобновен и најстариот лекторат во Неапол, со што вкупниот број лекторати достигна 12.