Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки, доставена е информација за донација на вакцини до Европската комисија и до Турција

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека е континуирано на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека е континуирано на терен, дека ја следи состојбата со сипаниците кај овците и дека навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки. Во однос на можната вакцинација, информира дека е доставена информација за донација на вакцини до Европската комисија и до Република Турција.

– Експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки. Дополнително, повторно е побарана помош од EUVET-тимот на Европската комисија за справување со болеста. По добивањето одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се почне со вакцинација. Секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот, без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обесштетување за одземените животни – наведува АХВ во одговорот до медиумите по прес-конференцијата на Сојузот на одледувачите на овци, кој утрово пред Владата алармира за ситуацијата со сипаниците. 

Агенцијата за храна и ветеринарство вели и дека преку ветеринарните друштва, со кои има склучено договор за вршење активности од јавен карактер, добива информации за појава на болести во одредени одгледувачници.

Реклама

– По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста, директорот на АХВ донесува решение за спроведување контролни и заштитни мерки за справување со болеста, при што се пристапува кон евтаназија на животните и нивно закопување – се нагласува во соопштението.

Директорот Оливер Миланов, на прес-конференција во Министерството за здравство, одговорајќи на новинарско прашање рече дека кај дел од вакциините кои сточарите ги применувале на своја рака, а биле несоодветни, добиени се позитивни мостри.

-Согласно годишната наредба, ние веќе пративме допис за вакцини од Турција претходната недела во соработка со турската амбасада. Очекуваме 500.000 вакцини да бидат стигнати, рече Миланов.

Одгледувачите денеска уште еднаш побараа итна вакцинација на овците против сипаници и повисоко обесштетување.