Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДСМ. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност – рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните.

За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции веднаш ги демантираа. За Гостивар, последните испитувања покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење. Наместо овие информации да бидат поздравени, СДСМ продолжува со обиди да создава сомнеж.

Реклама

Прашањето е едноставно, а тоа е зошто на СДСМ му пречи кога институциите ќе покажат дека системот функционира и дека проблемот е решен?

Очигледно е дека освен вештачко создавање на криза, страв и паника, немаат што да понудат.

Додека Филипче одмора со Заев на јахтата во Паљури, неговите пајташи се обидуваат од секоја тема да создадат какафонија. Граѓаните заслужуваат факти, а не сценарија за создавање страв и паника.

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, институциите ја следат состојбата, а СДСМ треба конечно да разбере дека со ширење паника не се гради доверба кај граѓаните.